2
апр
2013
Мафини со чоко попс
1. Чоко попсот сомелете го со машинче за мелење ореви.
2. Путерот ставете го да се стопи и оставете го малку да олади.
3. Чоколадата стопете ја на пареа.
4. Јајцата, шеќерот и путерот изматете ги со миксер, додајте ја стопената чоколада и повторно изматите. На крај додајте го чоко попсот, брашното пецивото и кратко изматите да се изедначи смесата.
5. Смесата распоредете ја во калап за мафини обложен со хартиени кошнички.
6. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени 15 до 20 минути.
7. Готовите мафини намачкајте ги со малку мед и украсете ги со шарени мрвици.
Лиценца: Сите права се задржани