Мафини со пилешко месо и тиквички
Преубави декоративни мафини се надевам дека ќе ви се допаднат. Идеални за збогатување на празнична трпеза..
Подготовка
На почеток пилешкото месо го мелам во сецко. Јас користев пилешки замрзнати прсти. Кромидот исто го сецкаме и го додаваме во месото. Морковот и грашокот ги вариме петнаесетина минути и нив ги додаваме во месото. Тиквичката ја рендаме на покрупната страна од рендето и заедно со сите зачини, јајце, презла ја замесуваме смесата. Половина од мисиркиното месо го сецкаме во сецко и него го додаваме во смесата. Од другата половина на мисиркиното месо сечеме тенки парчиња кои ги ставаме во калапчињата за мафини на почеток.
Делимано калапчињата ги премачкуваме со помош на силиконска четка со малку зејтин. Мисиркините парчиња месо ги обложуваме во калапчињата и врз нив ставаме од смесата. Печеме еден час и половина на 180 степени.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани