3
јун
2015
Мафини со тиквички, маслинки и сирење
Со миксер изматете ги убаво јајцата. Додадете ги млекото и маслото, зачинете, па потоа со лажица или најмала брзина на миксерот, вмешајте ги брашното и пецивото. Маслинките исецкајте ги, тиквичката изрендајте ја, а сирењето издробете го. Додадете ги и нив во смесата. Тиквичката не мора да ја цедите.
Полнете ги калапите за мафини со 2-3 од смесата. Одозгора, по желба можи да ставите и сусам. Печете ги на 170 степени околу 25 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови