Рецепти за брзо и лесно мезе за ненајавени гости секогаш ни недостасуваат, особено ако е вкусно и декоративно. Фичо има решение и за тоа!

Подготовка

Чекор 1: Изматете ги јајцата и додадете ја шолјата млеко и маслото. Промешајте колку да се соединат и додадете ги белото и пченкарното брашно, пецивото и солта. Матете додека да добиете хомогена смеса.

Чекор 2: Тиквичката исечете ја на мали прачки во форма на греди и наросете ја само со црн бибер. Сирењето издробете го со вилушка и морковите исечете ги на тенки ленти, потенки од тиквичката.

Чекор 3: Калапите за мафини наполнете ги со смесата до половина, додадете го сирењето и боцнете ги тиквичките и морковите. Наросете сусам и печете на 200 степени 15 минути.

Чекор 4: Сервирајте ги како мезе, појадок или вечера. Оваа доза ќе ви биде доволна за 12 мафини.

СОВЕТ: Наместо морков и тиквички, може да ставите цветчиња брокула, па да добиете декоративен пресек со изглед на разгрането дрво.