26
авг
2014
Салата од тиквички со моркови
Тиквичките исечете ги на коцки, морковите изрендајте ги, кромидот исечете го на полумесечини.
Се истурете заедно и измешајте.
Подготовете маринада.
Во тенџере ставете оцет, зејтин,сол, шеќер и лук ситно исечен. Се убаво промешајте додека не се стопи солта и шеќерот, истурете во тиквичките со моркови и промешајте. Оставете 2 саати да пушти сок.
После 2 саати ставете нека зоврие и да поврие 15 минути.
Теглите попарете ги со жешка вода и соберете во тегли.
Многу е убаво пробајте!
Лиценца: Сите права се задржани