13
јун
2012
Мафини со вишни
Јајцата се матат со шеќерот, потоа се додава млекото, зејтинот и брашното претходно размешано со пецивото. На крај се додава ванилата. Смесата се полни во калапи за мафини претходно намрсени со маргарин и набрашнети. Калапите се полнат 2/3 за да не прелијат. На површината се редат вишните. Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Пред сервирање се посипуваат со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани
а за фотографијата 10ка :)
после ова оценување обраќајте ми се со професорке :) :) :) :)