Подготовка на кората
Белките изматете ги со шеќерот во цврст снег. Потоа додајте ги оревите, брашното, пецивото, киселината и измешајте ги со лажица да се изедначат. Смесата истурете ја во подмачкан со путер и набрашнет калап(26) порамнете ја и печете ја во претходно загреана рерна на 180 С околу 15-20 минути.
Направете уште една кора на истиот начин. Но доколку сакате повисока торта можете да си направите уште една кора (мене ми беше доволна со две кори).

Подготовка на филот
Пудинзите растворете ги со малку од млекото, а останатото заедно со шеќерот ставете го да зоврие. Потоа додајте го пудингот и на тивок оган мешајте додека се згусти. Тргнете го на стана, покријте го да не фати кора и оставете го да олади.
Жолчките варете ги на пареа убаво да се згустат отприлика како пудинг и оставете ги да оладат.
Маргаринот или путерот изматете го. Со постојано матење додавајте го лажица по лажица оладениот пудинг и матете додека се изедначат. На крај додајте ги жолчките и повторно изматете ги сите заедно.
Филот поделете го на два дела. Во едниот дел додајте ја чоколадата стопена на пареа и оладена а во другиот сувото грозје. Ставете ги во фрижидер малку да се стегнат (јас така правам за подобро работење) и следи филовање.
Едната кора ставете ја на подлога за торта, намачкајте ја со пола од чоколадниот фил, потоа со пола од жолтиот фил.Ставете ја и другата кора и намачкајте ја со останатата половина чоколаден и жолт фил.
Целата торта премачкајте ја со изматена слатка павлака и украсете ја по желба. Ставете ја во фрижидер да се стегне и спојат вкусовите потоа послужете ја.

Напомена
За да си го скратам времето на варење на пареа жолчките јас секогаш ги правам во микро. Со миксерот малку ќе ги изматам минута до две и ги ставам во микрото на 1 минута, ќе ги извадам пак малку ќе ги изматам и ги враќам во микрото уште 40 секунди до минута.

Еден совет и за белките за помладите готвачки ако незнаат.
За да добиете цврст снег од белките и да имате убава кора од белки јајцата секогаш треба да се на собна температура, садот во кој ќе ги матите, а и мешалките од миксерот треба да се чисти и суви.
Тортата е направив по повод матурата на мојата внука која ми е многу далеку (за жал), па си реков сами да си се почастиме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани