Манчмелоу колач
Скоро сите имаме некој задомаќинет рецепт за овој колач, кој сигурна сум дека во било која верзија е вкусен и ретко кој не го обожава. Но, овој пат тоа нема да биди мојата одомаќинета верзија, ами ќе ви претставам едно мое ново испробување на колачот кое го сретнав на нет, секако слично на повеќето, но сепак малку поразлично во спремањето кое нам исто така многу ни се допадна.
Жолчките и 2та вида шеќер убаво изматете ги, додека не обелат и шеќерот не се растопи. Потоа, постепено додадете ги течните, па сувите состојки, матејќи со најмала брзина на миксерот.
Смесата истурете ја во тава (кај мене беше Ростерот на Делимано, но можи и малку помала од него ако сакате повисок колач) и печете на умерена температура, додека на проверка на чепкалката се покажи дека нема лепливост на неа.
Шеќерот, 90те мл вода и медот ставете ги да зовријат, а потоа на исклучена рингла оставете ги уште нецела минута или помалку, во зависност колку е силно загреана ринглата. Во 50те мл вода растворете го желатинот.
Со 1/3 од шербетот попрскајте ја испечената кора, а во остатокот додадете го набубрениот желатин и мешајте додека се растопи.
Белките цврсто изматете ги. На крај постепено додавајте од шербетот измешан со желатин и ванила правот. Премачкајте ја печената и попрскана кора и вратете ја тавата во исклучена рерна да се запечи, зацрврсти пената од белки.
За тоа време чоколадото искршете го на коцки, додадете ги и останатите состојки и на тивок оган растопете ги.
Со глазурата премачкајте го одозгора колачот и оставете неколку часа да стегни на ладно или во фрижидер. Потоа, сечете коцки и уживајте.
Жалам, што не можев да ви обезбедам подобар пресек, едноставно жежок се јадеше - итна беше ситуацијата хехе...
Додавајќи го шербетот со желатин, дека топол, ме фати паника околу миризбата на истиот, па јас од мене гратис си додадов 3 капсули ванила со надеж да не пропадни целиот труд. Секако дека кога ќе излади тоа не се осеќа и не стоеше ни во рецептот, но сепак на моја препорака - додајте си ја и ванилата ._*
Лиценца: Сите права се задржани
Алекса, и јас истото го помислив, но потоа заклучив дека е тоа што велиш, имаат поубав шмек, а и уште повеќе се уцврстуваат.
Лили, пресекот е од 2 причини ваков-едно, оти жежок се сркаше, па 2-3 парчиња недооладено се спаси ова на сликата и друго е тоа што во предложениот рецепт глазурата беше само со чоколадо и некоја лажица масло, па пресметав дека ќе ми е тврда над подлогата и си ставив ваква-помека, која истата за добар пресек требаше да одспие во фриз една ноќ... ама кај нас ни време ни место имаше за тоа :))))
Бомбончето е криво што после ми го видоа дома натрапниците целото пакетче, кое љубоморно си го криев за некој експеримент и поради него ми го смуфтаа пола пакетче дур се свртам... другата пола им ја дадов гратис откако ги искарав :)))
Твојов отиде во омилени :D
И јас имам реепт за Манчмелоу наскоро ќе го споделам... :)
Светулче, сум сретнала порано нешто такво и јас, но нема шанса толку купени колачиња да трошам за рецептот хехе побрзо така ќе си ги изедиме нив, без домашно приготвување :) - едноставо неодоливи се ;)
Бети-Топлината на самиот желатин која испарува во почетокот мора да ја покажи миризбата додека не олади, но сепак, искрено, овој пат мене паника ме фати, па му влегов на ванилите :)))
Слаџе, Бетина, фала ви! :) Колачот е дополнително сочен и со тие неколку лажички густ шербет со кои е прелиен, но и самата структура го дозволува тоа со својата мекост.