Манчмелоу колач
Состојки
- 5 жолчки
- 1 шоља (200 мл) шеќер
- 1 шоља (220 мл) брашно
- 100 мл млеко
- 100 мл масло
- 100 мл обична или минерална вода
- 5 лажици какао
- 1 прашак за пециво
- 1 -2 пак. цимет шеќер (или ставете малку цимет ако немате)
- * За пена
- 5 белки
- 8 лажици шеќер
- 90+50 мл вода
- 2 лажици мед
- 10 гр желатин + 2-3 капсули ванила прав
- * За прелив
- 100-120 гр чоколадо
- 70 гр маргарин
- 3 лажици масло
- 2 лажици какао
- 70 мл млеко
Подготовка
Скоро сите имаме некој задомаќинет рецепт за овој колач, кој сигурна сум дека во било која верзија е вкусен и ретко кој не го обожава. Но, овој пат тоа нема да биди мојата одомаќинета верзија, ами ќе ви претставам едно мое ново испробување на колачот кое го сретнав на нет, секако слично на повеќето, но сепак малку поразлично во спремањето кое нам исто така многу ни се допадна.
Жолчките и 2та вида шеќер убаво изматете ги, додека не обелат и шеќерот не се растопи. Потоа, постепено додадете ги течните, па сувите состојки, матејќи со најмала брзина на миксерот.
Смесата истурете ја во тава (кај мене беше Ростерот на Делимано, но можи и малку помала од него ако сакате повисок колач) и печете на умерена температура, додека на проверка на чепкалката се покажи дека нема лепливост на неа.
Шеќерот, 90те мл вода и медот ставете ги да зовријат, а потоа на исклучена рингла оставете ги уште нецела минута или помалку, во зависност колку е силно загреана ринглата. Во 50те мл вода растворете го желатинот.
Со 1/3 од шербетот попрскајте ја испечената кора, а во остатокот додадете го набубрениот желатин и мешајте додека се растопи.
Белките цврсто изматете ги. На крај постепено додавајте од шербетот измешан со желатин и ванила правот. Премачкајте ја печената и попрскана кора и вратете ја тавата во исклучена рерна да се запечи, зацрврсти пената од белки.
За тоа време чоколадото искршете го на коцки, додадете ги и останатите состојки и на тивок оган растопете ги.
Со глазурата премачкајте го одозгора колачот и оставете неколку часа да стегни на ладно или во фрижидер. Потоа, сечете коцки и уживајте.
Жалам, што не можев да ви обезбедам подобар пресек, едноставно жежок се јадеше - итна беше ситуацијата хехе...
Додавајќи го шербетот со желатин, дека топол, ме фати паника околу миризбата на истиот, па јас од мене гратис си додадов 3 капсули ванила со надеж да не пропадни целиот труд. Секако дека кога ќе излади тоа не се осеќа и не стоеше ни во рецептот, но сепак на моја препорака - додајте си ја и ванилата ._*