Освежителна салата, која ми е рецепт од мојата драга колешка Мирјана.

Краставицата и шунката ги сечкаме на ситни коцки. Сирењето го рендаме, а бадемите ги мелеме. Сите состојки ги промешуваме и зачинуваме. Од оваа доза излегуваат два вакви сада. Можете да калкулирате со мајонезот и павлаката, па да ја добиете густината на салатата која ја сакате. Мене ми се допадна вака како што е напишан рецептот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани