Макало од црвени суви пиперки и праз
Започнаа постите.
Ова како еден предлог за во деновите во кои се јаде масло. Кај нас често се подготвува.
Мерките се сите произволни, од око, вие си ги одредувате.
Подготовката едноставна.
Пиперките се мијат убаво, им се вади рачката и семето и се ставаат да се варат. Кога се варени им се истура водата и се оставаат да се изладат, а потоа се чистат од лушпата (ако се убаво сварени тие буквално се лупат или пак тоа го правиме со помош на лажица).
Убаво ги толчиме во толчник.
Им го додаваме ситно, сецканиот праз. Се меша, за да се соедини празот со пиперките.
Се полеваат со врело масло.
Се зачинуваат со сол по вкус.
Пријатен апетит!!!!
* По желба можи да додадете и винска киселина...
Лиценца: Сите права се задржани