Најпрво се матат жолчките со ванилиниот шеќер и се варат на пареа. Се трга садот на стана и се остава да излади.

Потоа, се загрева млекото и во него се растопува белото чоколадо. И тоа се остава да лади, со повремено мешање.

Посебно се мати слатката павлака, а во друг сад белките.

На крај, сите состојки се мешаат заедно и се сипат во силиконски калапчиња во облик на срце. Се ставаат во замрзнувач и се служат ладни, како сладолед.

* По желба калапчињата предходно можите да ги чоколадирате пред да ја сипите смесата, но верувајте дека и без чоколадирање се добива превкусен сладолед во обик на срце, така што и да не е чоколадиран воопшто нема ни да ви фали -)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани