Кора
Белките изматете ги цврсто со прстофат сол и постепено додавјате го шеќерот. Додајте го брашното и пецивото.
Убаво измешајте ги со лопатка за да се соедини.
Смесата ставете ја на плех 20х30 см. обложена со хартија за печење.
Печете на 200 степени 15 мин.
Извадете ја кората и избоцкајте ја со вилушка на повеќе места. Полијте со млекото и оставете да се излади. Потоа ставете го филот и шлагот.

Фил.
Филот направете го додека кората се пече.
Одделете 150 мл. од млекото другото ставете го да зоврие.
Жолчките изматете ги со шеќерот додека се растопи, додајте го густинот и млекот измешајте да се соедини.
Кога млекото почнало да зоврива сипете ја растворената смеса. Постојано мешајте со жица за матење додека се згусти филот.
Оставете го да се излади на собна температура.
Кога е млако додадете маргаринот исечен на ливчиња и ванилиниот екстракт, изматете со мискер да се растопи и спои.
Млакиот фил ставете го над ладната кора.Израмнете и оставете да се излади целосно.

Декорација
Шлаг пените и водата убаво изматете ги со мискер до потребната густина.
Сипете над ладниот колач. Оставете во фрижидер да се стегне малку шлагот или најдобро преку ноќ.Сечете штангли или коцки по нжелба.
Може да ги замрзнете и да дојдат како леден десерт. =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови