21
јун
2014
Ледено срце
Најпрво се матат жолчките со ванилиниот шеќер и се варат на пареа. Се трга садот на стана и се остава да излади.
Потоа, се загрева млекото и во него се растопува белото чоколадо. И тоа се остава да лади, со повремено мешање.
Посебно се мати слатката павлака, а во друг сад белките.
На крај, сите состојки се мешаат заедно и се сипат во силиконски калапчиња во облик на срце. Се ставаат во замрзнувач и се служат ладни, како сладолед.
* По желба калапчињата предходно можите да ги чоколадирате пред да ја сипите смесата, но верувајте дека и без чоколадирање се добива превкусен сладолед во обик на срце, така што и да не е чоколадиран воопшто нема ни да ви фали -)
Лиценца: Сите права се задржани
Дани имам добар дел силиконски калапчиња се уште не употребени, но срцињава ми беа најзгодни за овој рецепт, баш таман за по едно цело како залак во уста да се топи. хах, а а ко продолжам да ги користам и за други колачи пак, голема е веројатноста да ми станат и омилени :)))) Албетина, го сакам кокосот, но овде не би го мешала заради изгледот... некако излишен ми е во комбинацијава (секако, си кажувам за мој вкус, што не значи дека треба да ме слушате) :) Можеа многу поавтентично да бидат сликани, бидејќи на око се попривлечни отколку на сликата, но ни времето ми дозволување да се маткам, ни сончево беше, ни пак апаратот имаше волја да е фин :) Сепак, од срце ви ги препорачувам да ги пробате. Не одземаат многу време, ни за правење, ни за јадење ;)
хах Слаѓана :))) уште пиштол ми фали :)))