9
апр
2014
Кукурец
Кукурецот ставете го во вода и ставете го на оган да зоврие. Истурете ја водата. Тоа повторете го уште еднаш. Во третата вода ставете мешан сув зачин, биберот и кукурецот и сварете го.
Во земјена тава, ставете ги парчињата кукурец, маслото и ставете ги во загреана рерна да се потпечат. Потоа ставете го исечканото лукче, нането, пиперот и дел од водата во која се вареше кукурецот. Вратете ја тавата во рерната да се пече. Цело време, додека се пече, преливајте го со течноста. На крајот, ако ви е многу течно, можете да го згуснете сосот со запршка.
Лиценца: Сите права се задржани
Na istiot nacin go spremam, samo crvena zaprska so piper bukovska, obavezno...
Ova e uste edno jajdewe koe e zadolzitelno za veligdenska trpeza,
Vo Prilep go vikaat kukuruz, vo Negotino Kukurek....
e sega e mnogu polesno da se spremi, bidejki vo kasapnicite moze da se kupat iscisteni crevca.
No sepak jas sum za ona domasno cistewe, prevrtuvawe na stapce od raznic, pa miewe, miewe, pa pletenje na crevcata....pa zemjena tava, meraci
I ovoj mnogu ubavo spremen.isto go spremam
Како кукурек или само цревца го знам, мајка ми порано го спремаше ... но јас и брат ми сме скарани со јадењево :)))
Сепак убаво подготвено и убаво изгледа :)
Vi blagodaram na komentarite :) Ova e gurmansko jadenje, ili go obozavas ili pak ne mozes da go namirisas :))))) isto kako i piftijata... kaj nas kako sto rekovte zadolzitelno e za Veligden, ama nie si go sakame i sekogas koga ke go najdam vo mesarnicite, si se raduvam :)
Se sekavam, majka mi sama si gi pletese crevcata, cel den si se zanimavase so niv, ama jas toa ne go mozam, polesno mi e gotov da si kupam, e sega kolku e ubavo iscisten... ama licno ic ne mu ja mislam, ne mi preci :)))
Kukurec ednas godisno za Veligden pravam, sosem isto kako vo tvojot recept. Samo vo vodata za varenje stavam celer, paskanat, lovor, biber vo zrno i nekolku krugovi limon. Si mislam deka se odzema od mirisot taka. Cekam drugata nedela da stigni jagneto i da pravam. Edna slikicka od mojot lanski
Под некој рецепт ставив слика од вакво јадење... с емислам кај јагнешкото на Светлана :) Сега не можам да си ја најдам сликата. И јас сум ко децата ваши хаха... ама за лепо друштво еднаш замижав и каснав (не беше така страшно како шо си мислев хаха) и после само мирисав. Од зачините, миризбата беше многу примамлива, ама поќе од еднаш каснување не се осмелив хехе... сепак, јас не сум толкав голем гурман, а ова е баш за гурмани :) Одлично спремено Јуле ( и Лили) , како и секогаш од тебе (вас) :)
Treba taa poke so nas da se druzi, "sestojadec" da ja naprajme :)))))