Кукурец
Состојки
- 1 плетенка кукурец
- 100 мл масло
- 1 лажица нане
- 1 лажица мешан сув зачин
- 1 лажиче црвена пипер
- 6 парчиња младо лукче
- 1/2 лажиче бибер
Подготовка
Кукурецот ставете го во вода и ставете го на оган да зоврие. Истурете ја водата. Тоа повторете го уште еднаш. Во третата вода ставете мешан сув зачин, биберот и кукурецот и сварете го.
Во земјена тава, ставете ги парчињата кукурец, маслото и ставете ги во загреана рерна да се потпечат. Потоа ставете го исечканото лукче, нането, пиперот и дел од водата во која се вареше кукурецот. Вратете ја тавата во рерната да се пече. Цело време, додека се пече, преливајте го со течноста. На крајот, ако ви е многу течно, можете да го згуснете сосот со запршка.