Крцкаво печено пиле
Да се испече пиле е многу лесно, ама јас сакам кога кожата е крцкава, а месото сочно, посебно белото месо да не е исушено. Вака ми е најубаво, можам да го оставам да се готви, а јас да одам на кафе.... Кога е готово, малку зеленчук на пареа за прилог и саботниот или неделниот ручек е готов.
Вечерта пред да го печите пилето, измијте го добро и потполно исушете го, одвнатре и однадвор.
Во еден мал сад измешајте ги сите зачини, па втријте ја мешавината во внатрешноста и по кожата на пилето. Во внатрешноста ставете ја исчистената главица кромид, цела или пресечена на пола, половоната лимон и ставете го пилето во садот во кој ке го печите со градите нагоре. Нека биди садот кнап за да не се рашири пилето додека се печи, па да нема убава форма кога ќе го извадите на маса. Ставете заедо со тавата во најлон кеса и оставете го во фрижидер преку ноќ.
Загрејте ја рерната на 120Ц.
На средна решетка печете го пилето 3 до 3 1/2 часа, или додека внатрешната температура на месото не е 85Ц.
Нека отстои десетина минути и послужете го со прилог по желба. Сокот кој го испуштило пилето можете да го згустите со малку густин и да добиете многу вкусен сос.
Зачините можете да ги прилагодите како вам ви одговара, дури и да употребите готова зачинска мешавина...
Лиценца: Сите права се задржани
Diana, jas nemam FB, ama stranata na MR mozam da ja gledam. Ako tamu bidat slikite, bas sakam da gi poglednam :))
Natali, sekako deka moze :)))
Lile, mene nikoj nikogas ne me prasuva, a za da donese veke ne ni spomenuvam...
Aj ti Beti prasaj od kade bese, za "zlocas" ke se najdi :)))
Samo da ti kazam, od utresniot recept imam gotova slika, NEMA da ja zalepam :))))))
А за утрешниот рецепт добра одлука си донела. Можи нема ни да стигнам да се вклучам. Ако успеам да си најдам погодна боја за бандашите и утре како вчера “молер“ ќе бидам :))) Остави ги утре ти напразно да си чекаат слика. И тие се навикнаа како мене, па нека им фали малку :)))