Крцкаво печено пиле
Состојки
- 1 цело пиле, тешко околу 2 кг
- За зачинска мешавина
- 2 лажички сол
- 1 лажичка црвен пипер
- 1/2 лажичка кромид во прав
- 1/2 лажичка мајчина душица (тимијан)
- 1/2 лажичка бел бибер
- 1/4 лажичка кајенски пипер
- 1/4 лажичка црн бибер
- 1/4 лажичка лук во прав
- За полнење на пилето
- 1 мала главица кромид
- 1/2 лимон
Подготовка
Да се испече пиле е многу лесно, ама јас сакам кога кожата е крцкава, а месото сочно, посебно белото месо да не е исушено. Вака ми е најубаво, можам да го оставам да се готви, а јас да одам на кафе.... Кога е готово, малку зеленчук на пареа за прилог и саботниот или неделниот ручек е готов.
Вечерта пред да го печите пилето, измијте го добро и потполно исушете го, одвнатре и однадвор.
Во еден мал сад измешајте ги сите зачини, па втријте ја мешавината во внатрешноста и по кожата на пилето. Во внатрешноста ставете ја исчистената главица кромид, цела или пресечена на пола, половоната лимон и ставете го пилето во садот во кој ке го печите со градите нагоре. Нека биди садот кнап за да не се рашири пилето додека се печи, па да нема убава форма кога ќе го извадите на маса. Ставете заедо со тавата во најлон кеса и оставете го во фрижидер преку ноќ.
Загрејте ја рерната на 120Ц.
На средна решетка печете го пилето 3 до 3 1/2 часа, или додека внатрешната температура на месото не е 85Ц.
Нека отстои десетина минути и послужете го со прилог по желба. Сокот кој го испуштило пилето можете да го згустите со малку густин и да добиете многу вкусен сос.
Зачините можете да ги прилагодите како вам ви одговара, дури и да употребите готова зачинска мешавина...