Кремасти плочки со нутела
Подготовка на пандишпанот
Јајцата, шеќерот и ванилата матете ги додека се добие кремаста и светла смеса. Додадете ги маслото и млекото и повторно изматете. Додадете ги брашното и пецивото и кратко изматете да се изедначат.
Смесата истурете ја во подмачкано со путер и набрашнето правоаголно плехче бр.36 и ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 15 мин. Оставете го да олади.
Подгответе го преливот.
Водата, шеќерот и путерот ставете ги да зовријат и прелијте го оладениот пандишпан.
Подгответе го филот
Изматете ја слатката павлака во цврст снег потоа додадете ја нутелата и маскарпонето и убаво изматете да се изедначат.
Премачкајте го пандишпанот, покриете го со фолија и ставете го во фрижидер да се олади.
Исечете го на квадрати или парчиња по желба, украсете го со бела рендана чоколада и послужете ја.
Лиценца: Сите права се задржани
Невена ти сакаш да не изумреш?! :))