Сникерс плочки
Овој рецепт воопшто немав намера да го пишувам...
Премногу состојки и чекори на подготовка, се премногу....
Башка, немав материјал за сликање, колачот отиде на средбата, дома останаа само мали крајчина...
Ама Лиле и Бети се многу упорни, и еве за нив...
Тие кои го пробаа веќе знаат, а за тие кои немаа веќе место, ќе направам пак...
Да напоменам од почеток, за да се направи нугатот успешно, треба термометар за шеќер и стоечки миксер... Всушност мене ми треба, за тие кои си прават -по осет-, знаат како...
На подлабок калап со големина 30 на 30 цм ставете хартија за печење, со издигнати рабови.
Изронете ги кексите и матете ги со путерот од кикирики додека не се претвори во паста. Додајте го стопеното чоколадо, измешајте и распоредете ја смесата на подготвениот калап во воедначен слој. Оставете во фрижидер.
Во едно помало тенџерче измешајте ги водата, шеќерот и течната гликоза. Ставете го термометарот и варете без мешање додека не постигни температура од 130 Ц.
Медот во мало тенџерче ставете го на рингла и доведете го скоро до вриење.
За тоа време во стоечкиот миксер ставете ги белките, количината е малку повеке од една белка, разматете да се запени, па додајте го шеќерот во прав и продолжете да матите со голема брзина. Сипете го врелиот мед во тенок млаз во белките матејки на голема брзина.
Штом сирупот ќе ја достигне температурата намалете ја брзината на матење на миксерот и во тенок млаз истурајте го сирупот во белките додека целиот не се потроши. Продолжете да матите со голема брзина додека добиената густа сјајна пена малку не подолади, да биде млака на допир.
Исклучете го миксерот, додајте ги исецканите кикирики, брзо измешајте со шпатула и истурете го нугатот врз подлогата во калапот. Измазнете ја површината и вратете го во фрижидер. Ова се треба брзо да се прави, зошто нугатот ќе се стврдне и не може да се израмни.
Издишете.....
За пената од млечно чоколадо ставете го желатинот во ладна вода да набубри.
Во еден средно голем сад ставете го исецканото чоколадо.
Во мал сад изматете ги жолчките со шеќерот во светла пена.
Павлаката за готвење со 20% мм донесете ја на рингла до вриење и сипете ја стално мешајки со жица во садот со жолчките. Вратете ја содржината на оган и мешајте со жица една минута. Тргнете од оган, додајте го набубрениот желатин и многу добро измешајте.
Процедете ја жешката смеса над чоколадото и одкако ке отстои минута - две измешајте додека цело чоколадо не се растопи. Оставете да се олади.
Во поголем сад изматете ја со миксер слатката павлака додека не добиете цврста крема. Не ја прематувајте. Внимателно со жица измешајте ја со оладениот чоколаден крем.
Истурете ја пената од млечно чоколадо врз нугатот во калапот и вратете во фрижидер.
За кремот од солен карамел ставете ја слатката павлака да се грее на тивок оган.
Желатинот ставете го да набубри во малку ладна вода.
Во мало тенџерче направете сув карамел од 90 гр шеќер, внимателно врз карамелот сипете ја загреаната павлака мешајки. Ќе пени доста, ама мешајте на тивок оган додека не се растопи целиот карамел.
Во мал сад изматете ги жолчките, мешајки додајте го врелиот карамел, па вратете на оган и варете 1 мин. Додајте го набубрениот желатин, мешајте сосема да се растопи, додајте ја солта, измешајте и процедете го кремот врз пената од млечно чоколадо во калапот.
Оставете во фрижидер.
За глазурата чоколадото исецкајте го и ставете го во еден мал сад. Павлаката за готвење донесете ја скоро до вриење, прелијте ја врз чоколадото и оставете да отстои минуте - две.
Измешајте да стане мазно и истурете преку кремот од карамел. Вратете во фрижидер и оставете добро да се олади.
Сечете другиот ден, со врел нож зошто нугатот е поцврст од кремот.
Може и да се чува во замрзнувач.
Јас повеке се уморив пишувајки отколку кога го правев...
Лиценца: Сите права се задржани
Лили ти друг пат не се стегај да си напишеш,ние веќе отрпнавме....уште сликата кога ќе ја препознаам дека е твоја,ич не читам што пишува,одма идам и на календар барам кои 3,4,5,6.....дена во серија ми се слободни :))) па да почнам да правам.
Изгледа захтевно,ама лиги ми потекоа
Ljubica, mnogu, mnogu mi e krivo sto vo guzvata ne kazav da se stavi vo frizider.....
Ne e ova za 3 dena, za 2-3 casa se pravi, ama i ne e bas lesno :)))
Imam nov recept za Panettone, 3 dena denonokna rabota, na avatarot mi e slikata :))) Ti samo kazi, ke napisam jas :))))
А слатките посебно,сите настрадаа,бидејќи ни на една домаќинка не и текна да каже,благото да оди во фриз.Тоа ти,а не извадат од кујна,распашој банда :) изгледа премногу време поминуваме таму.
А ја божем моите лижавчиња ги направив за да крцкаат :))) смешки
a panettoneto... auuuu, ne - nema da go pravam so tri dena, ke si go napravm po kratka postapka... ruskiot, imam tolku rabota sto ke zaboravam na nego... pa nema da mi uspee, vaka vo isti den...
Za tie sto ne probaa, vo naredna prilika jas pak ke napravam :)))