Кремаст колач со срцевина од јаболка
Пандишпан
Изматете ги жолчките со шеќерот.
Со постојано матење додајте ја водата.
Потоа додајте го и брашното измешано со пецивото и со жица убаво измешајте.
Белките изматете ги во црврст снег па потоа додајте ги во претходно изматената смеса.
Мешајте внимателно со шпатула во еден правец, од долу према горе.
Јаболките излупете ги и изрендајте.
Ако се многу сочни исцедете ги од течноста што ја пуштаат, па додајте ги ванилите и циметот.
Убаво измешајте.
Во правоаголен плех нанесете хартија за печење.
Врз хартијата ставете ги јаболките и убаво претиснете ги.
Врз јаблката ставете ја изматената смеса.
Печете на 180 степени, 40 минути(зависно од рерната).
Откако ќе се испече остајте убаво да се олади во плехот.
Кремаст фил
Прашокот за пудинг измешајте го со шеќерот и растворете го со малку од млекото.
Отанатото млеко ставете го да се загрее.
Во загреаното млеко додајте го растворениот пудинг и мешајте додека се згусти.
Оставете убаво да се олади па измешајте со претходно изматената слатка павлака.
Откако пандишпанот е убаво оладен превртете го, така што најдолу ќе биде пандишпанот, а одозгора јаболките.
Извадете ја хартијата за печење и нанесете го кремастиот фил.
Оставете го колачот во фрижидер да се олади, па исечете го на коцки.
Врз секоја коцка ставете по една кандирана цреша.
Лиценца: Сите права се задржани