18
сеп
2013
Крем супа од компир и тиквица
Ги лупиме компирите, морковот и тиквиците и ги сечкаме на коцки
Полеваме вода и оставаме да се варат на тивок оган.
Откако се варени, дирекно во истиот сад ги пасираме и зачинуваме, додаваме павлака, промешуваме убаво да стане како кремаста течноста и оставаме уште 5 минутки да поврие.
Пред да ја вадиме додаваме превриено масло попарувајќи ја супата.
Оваа крем супа, ја препорачувам на оние кои сакаат зачини.
Се служи топла.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови