Еден од оние рецепти што имаат безброј варијации. Која и да сум ја пробала - резултатот е одличен.

Подготовка

1. Тиквиците ги рендаме, во случајов јас ги изрендав со се кората. Посолете и оставете ги да пуштат вода. Компирот излупете го и изрендајте го и оставете го да стои во вода. Магдоносот го сецкаме ситно.
2. Јајцата ги кршиме во подлабок сад. Додаваме зачини по желба и вкус. Јас ставив една лажичка сол и малку бибер и ги изматив малку со вилушка. Тиквичките исцедете ги од течноста и додајте ги кај јајцата, истото направете го и со ренданиот компир. Додајте го и магдоносот и измешајте убаво со лажица. Потоа го додаваме брашното и пецивото. Мешаме додека да добиеме густа смеса. На крајот додадете го и сусамот.
3. Ги пржиме во убаво загреано масло. Големината на уштипците прилагодете ја по ваш вкус. Ги вадиме на чинии обложени со хартија или салфетки, за да упијат од маслото.
Мене ми се највкусни за мезење со сирење и пиво.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани