Измешајте го брашото со густиот, солта и прашокот за пециво.
Додадете го јајцето, фета сирењето- издробено и маргаринот-исецкан на мали парченца.
Измесете глатко тесто. Покријте го со стреч фолија и оставете го во фрижидер најмалку 2 часа.

Потоа, тестото развлечете го на набрашнета површина во кора со дебелина од половина сантиметар и сечете форми-правоаголни ленти (штангли) или пак со калапче вадете форми по избор.
Наредете ги во плех, премачкајте ги со разматено јајце и одозгора поросете сусам, ким, чурекот, оригано, црвена пипер... тоа што сакате/ имате.
Печете на 200 степени додека благо не отемни горната премачкана површина (одприлика некои 15на мин).

Земете ладно пивце и правец во фотеља пред ТВ. Набивајте кондиција за возбудливо фудбалско навивање ;)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани