Брашното просејте го во сад, додадете ја солта и пецивото измешајте со лажица. Додајте го маргаринот на кокцички, павлаката и маслото, сирењето и почнете по малку да замесувате додавајќи по малку од водата. Замесете средно меко тесто, не месете многу за да бидат по крцкави.
Од тестото на набрашнета површина со сукало развлечете тенка кора, не претенка. Со чавче или други калапи ваѓајте формии, ставајте ги на плех со хартија. Кога се наполнило плехчето со чепкалка или стапче за раженчиња правете дупчиња.
Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени додека заруменат. Уште топли премачкајте ги со стопениот маргарин. Нека се оладат па ставајте ги во тегла или кутија.

Од тестото излегуваат 1 и 1/2 плех од рерна.Може да се прават спирали или да се додаде некој зачини, кечап.....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови