Постапка
- Исецкајте го на помали коцки путерот. Во брашното додадете ја солта, свежото сирење и сецканиот путер. Малку подолго ќе месите за да стане еднолично тесто. Замотајте во стреч фолија или со истата покријте го садот во кој го мессевте тестото, ставете во фрижидер да одстои околу 30 мин.
- Извадете го тестото и расукајте кора во дебелина која исто така вие сами ќе си ја одредите (зависно дали ги сакате потенки), вадете со форми, наредете во тавка постелена со хартија за печење, премачкајте со жолчка, посипете со од вас избран посип. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени - зависно од рерната. Се печат најмалку 30 мин, но вие сепак проверете и имајте во обзир тоа како пече вашата рерна.
Совет
- Ако ги сакате нането и босилокот - слободно ставете во тестото, ќе имате боженствен вкус со пријатна арома за непцето.
- Избирав разни семиња за посипот, буковец исто така, а посолив одозгора и со малку крупна сол.
Занимација голема се ... уживајте во најдолгата ноќ со овие грицки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани