30
мај
2013
Компир со сос
Компирите ги сецкаме на поситни коцки. Ги ставаме во плек ставаме 3-4 лаж масло и сол. Ги печеме во згреена релна на 220 степени околу половина час.
Го подготвуваме сосот.
Кромидот го сецкаме и пржиме на малку масло го додаваме и исецканиот лук. Кога кромидот ќе омекне го додаваме и доматот, пржиме додека да се згусти сосот во меѓувреме додаваме малку сол не многу бидејки се солени компирите и бибер. Во испечените и топли компири го додаваме сосот можете да измесате се заедно или само да посипете врз компирите. Ваков комир можете да послужите како гарнир.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови