Компир
Компирите се исклучително хранлив, коренест зеленчук. Компирите се добар извор на скроб и растителни влакна. Ова растение е едно од најраспространетите повеќегодишни растенија и еден од најевтините основни прехранбени производи, особено важен за најсиромашното население во светот. Ботанички, компирите припаѓаат на најразлични повеќегодишни подвидови на solanum tuberosum од фамилијата solanaceae.
Растението расте од 30 сантиметри до половина метар во должина, а под земјата раѓа повеќе коренести плодови. Плодовите обично имаат кружна до овална форма и значително варираат во големината. Внатре во плодовите, месото има кремасто-бела, розовкасто-црвена или кафеавкаста нијанса, во зависност од сортата. Сите компири имаат влажна текстура и специјален вкус на компир.
Дел од најпопуларните сорти се:
- Бела/жолта лушпа и месо – Јукански златен компир, Фински жолт компир, Руска банана, Милва.
- Црвена лушпа и месо - Ида розов компир, Норланд, Калифорниски црвен компир, Француски фингерлинг.
- Кафеавкаста лушпа и месо – Бурбанк, Рејнџер, Утамила.
Здравствени придобивки од компирите
- Компирите се еден од најбогатите извори на скроб, витамини, минерали и растителни влакна. Содржат многу малку масти (само 0,1 грам на 100 грама) и не содржат холестерол.
- И растворливите и нерастворливите растителни влакна содржани во нив го зголемуваат волуменот на столицата и на тој начин помагаат во спречување констапација, ја намалуваат апсорбцијата на холестеролот внесен преку храната и на тој начин го намалуваат нивото на лошиот ЛДЛ холестерол. Дополнително, изобилството на растителни влакна помага во заштитата од рак на дебелото црево.
- Содржината на растителни влакна помага при забавување на апсорбцијата на скробот и на тој начин го одржува нивото на шеќерот во крвта во нормалниот опсег. Од истата причина, компирите и натаму се омилен извор на јаглехидрати за дијабетичарите.
- Овие коренести плодови се еден од најбогатите извори на витамините од Б-комплексот, како што се витаминот Б6, ниацин, пантотенска киселина и фолати.
- Лушпата, но и месото од свежите компири се добар извор на антиоксидантските витамини и витамин Ц. Редовното конзумирање на храна богата со витамин Ц му помага на телото да развие отпорност на инфективни агенси и да ги собере штетните слободни радикали кои предизвикуваат воспаленија.
- Компирите исто така содржат соодветна количина на повеќе есенцијални минерали, како што се: железо, манган, бакар и калиум.
- Црвените и кфеавкастите компири содржат солидна количина витамин А и флаваноиди, како што се каротините и зеаксантините.
- Последните научни студии направени од Земјоделскиот истражен центар (од проучувачот на растителната генетика, Рој Наваре), укажуваат на тоа дека флавоноидниот антиоксиданс, кверцетин, делува во насока на превенција од рак и кардиоваскуларни болести.
Избор и складирање
Свежите компири се достапни во продавниците во текот на целата година. Барајте ги плодовите кои имаат цврста текстура и се мазни и сјајни на површината, наместо суви. Вообичаено имаат голем број точки на површината. Избегнувајте ги оние компири што се меки, пропаѓаат кога ќе ги притиснете или пак имаат засеци или пукнатини на лушпата.
Многу често, можете да наидете на зелени места на компирите, со никулци по површината. Не ги купувајте овие компири, затоа што тоа е индикација дека бербата е стара и веќе е започнато формирањето на токсичниот алкалоид соланин.
Дома компирите треба да се складираат на темно, студено и суво место. Изложеноста на сонце и вишок влага ќе предизвика изникнување на компирите и формирање на токсичниот алкалоид соланин.
Употреба во кујната
Со оглед на тоа што се работи за коренест зеленчук, компирите често се подложни на паразити, па затоа темелно измијте ги пред готвењето.
Јадењата од компири се приготвуваат на повеќе начини:
- Со лушпа или лупени, цели или исецкани, со зачини или без.
- Пире од компири, претходно излупени и сварени, а потоа изгмечени со млеко или пак јогурт и путер.
- Печени цели, варени или барени.
- Помфрит.
- Исецкани на коцки и потоа печени; сечени на ленти или пак коцки и потоа пржени.
- Рендани и оформени во форма на палачинки од компири.
Здравствено предупредување
Компирите можат да содржат токсични алкалоиди, соланин и каконин. Овие алкалоиди се најмногу концентрирани веднаш под лушпата и пропорционално се зголемуваат со староста на плодот и изложеноста на сончева светлина. Готвењето на високи температури, над 170 степени, делумно ги уништува овие супстанци.
Кога ќе се конзумираат во доволни количини, овие соединенија можат да предизвикаат: главоболки, омалаксаност, грчеви во мускулите и во најдрастичните случаи, губење на свеста и кома. Сепак, труењето од компири се случува многу ретко. Изложеноста на светлина ги открива зелените дамки на површината од компирите и на тој начин можете да ги пронајдете местата на кои потенцијално имаат повеќе токсини. Сепак, ова не е дефинитивен знак, затоа што зазеленувањето и акумулацијата на соланин можат да се случат независно едно од друго. Некои сорти на компири содржат поголема концентрација на соланин од други.