На рецептов наидов на интрнет, пребарав уште неколку други, нешто од мене и ете дојдов до овој конечен рецепт. Колачињата се меки, со необично интересен вкус како и измислени за со кафе.

1. Во сад за матење ставете го омекнатиот путер и шеќерот и матете додека се добие пенеста смеса и шеќерот не се стопи. Потоа додадете го и путерот од кикирики и изматете да се соедини. Додадете го и јајцето и ванилата и повторно изматете.
Во сад на страна просејте го брашното, пецивото, содата и солта па постепено додавајте во садот за матење. Додадете и малку млеко и продолжете да месите на работна површина. Не треба многу месење, доволно колку да се соедини тестото и да добиете нешто слично на тесто за ванилици, само малку помеко. Во зависност од брашното можеби ќе треба да додадете уште малку, но да не се претера за да не дојде тестото тврдо. Завиткајте во најлонска фолија и оставете во фрижидер 20тина минути.
2. Плехот за печење обложете го со хартија. Рерната претходно загреана на 190С.
Од тестото зимајте парчиња и формирајте колачиња со големина по желба. Наредете ги на плехот, па со прст направете мало бунарче во средина и ставете малку мармалад. За поубав контраст користете покисел мармалад. Јас користев мармалад од вишни направен по рецептот на Дани од летово. Колачињата при печење се шират,  па не ги редете многу блиску.
Ставете да се печат околу 20тина мин.
Во остатокот од тестото од ставив и малку каранфилче и во средина има и путер од кикирики и мармалад. Пробајте и така или со некој зачин по желба.
Послужете со кафенце и уживајте.

Добар апетит =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани