Убави американски суви колачи имаат мала измена во составот, но вкусот е преубав. Посебна убавина им даваат путерот од кикирики.
Подготовка
Се миксираат шеќерите, путерот, путерот од кикирики, ванилата и јајцето. Се додаваат брашното, сода бикарбоната, прашокот за пециво, какаото и солта. Покријте ги и ставете ги во фрижидер најмалку 3 часа.
Обликувајте го тестото во топки малку поголеми од 2 сантиметри.
Путерот за филот заедно со шеќерот во правта исто соединете го и формирајте ист број мали топчиња. Од секое топче со какао притискате и формирате круг.Во него го ставате путерот со шекерта во прав и затварајќи формирате топка која ја притискаме и правиме бисквит. Вака формираните колачиња ги печеме на 200 степени петнаесет минути.
Од оваа смеса треба да ви излезат околу 30 до 35 колачиња.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани