Колачи Нутела изненадување
Во помала чинија измешајте ја убаво Нутелата со шеќерот. Направете мали бомбици и оставете ги наредени на рамна подлога или чинија.
Изматете го путерот со шеќерот и ванилата и потоа додадете го јајцето. Изматете убаво.
Додадете ги брашното, пецивото и почнесте да месите со рака. На крај постепено додавајте го млекото во кое предходно сте го растопиле чоколадото. Измесете глатко тесто.
Тестото развлечете го во кора помеѓу 2 листа хартија за печење со дебелина од најмногу половина см. тргнете го горниот лист и исечете го на коцки.
Во секоја коцка ставајте по едно топче Нутела и потоа свиткајте го и тоа во вид на бомбица, па извалајте ги во крупно мелените лешници.
Бомбиците редете ги во плех, така што секоја благо ќе ја притисните (сплескате).
Печете во загреана рерна на 200 степени 15 мин.
Кога се извадат од рерна колачите се се уште меки, но со тек на ладење се стврднуваат.
Лиценца: Сите права се задржани
педер(пардон мај френч, ама ние младите смееме така да си збориме едни на други), фоткава ти е лудило!! :) :) :) :)