Колачи Нутела изненадување
Состојки
- 1 шоља=250 мл
- * За полнење
- 2/3 шоља Нутела
- 1/2 шоља шеќер во прав
- * За тесто
- 1 јајце
- 2 шоли брашно
- 125 гр путер (може и маргарин)
- 1/2 шола шеќер
- 50 мл млеко
- 30 гр чоколадо
- прстофат сола
- 1 лажиче ванилин екстракт или една капсула во прав
- 1/2 лажиче прашок за пециво
- * За посипување
- 1/2 шоља крупно мелени лешници (или по желба некое друго јаткасто овошје)
Подготовка
Во помала чинија измешајте ја убаво Нутелата со шеќерот. Направете мали бомбици и оставете ги наредени на рамна подлога или чинија.
Изматете го путерот со шеќерот и ванилата и потоа додадете го јајцето. Изматете убаво.
Додадете ги брашното, пецивото и почнесте да месите со рака. На крај постепено додавајте го млекото во кое предходно сте го растопиле чоколадото. Измесете глатко тесто.
Тестото развлечете го во кора помеѓу 2 листа хартија за печење со дебелина од најмногу половина см. тргнете го горниот лист и исечете го на коцки.
Во секоја коцка ставајте по едно топче Нутела и потоа свиткајте го и тоа во вид на бомбица, па извалајте ги во крупно мелените лешници.
Бомбиците редете ги во плех, така што секоја благо ќе ја притисните (сплескате).
Печете во загреана рерна на 200 степени 15 мин.
Кога се извадат од рерна колачите се се уште меки, но со тек на ладење се стврднуваат.