Сформатини Изненадување
1. Испасирајте ги варените компири додека се уште топли, додајте го во нив и јајцето и промешајте убаво.
2. Исечете го варениот спанаќ. Во него додадете го ренданото сирење или пармазанот како во мојот случај и промешајте.
3. Намастете ги со путер калапчињата и мене ми излегоа 3 калапчиња,зависи од големината моите се малку поголеми од стандардните. Ставете и по една лажица презла во секое од калапчињата и протресете го вишокот.
4. Најпрво во калапчињата ставете од пирето со компири, потоа филувајте ги со спанаќот и на крај покријте ги повторно со пирето од компири.
5. Печете ги во загреана рерна 30мин на 180 степени.
Добар апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
LiliN eve kako izgledaat kalapcinjata,porcelanski se.Milo mi e sto ti se dopaga.