Колачот е убав и вкусен многу наликува на баклава со јаболка.
Подготовка
На почеток ги матиме јајцата заедно со шеќерот. Во нив го додаваме зејтинот, медот и млекото мешаме со шпатула. Јаболката рендана ја додаваме во смесата. Сувите состојки ги мешаме и нив ги додаваме во смесата заедно со пецивото и сецканите кори. Целата смеса ја сипуваме во малата ростер тава. Печеме на 200степени триесетина минути.
Шербетот го вариме десетина минути и жежок го додаваме во ладното тесто. Сечеме коцки по желба и посипуваме со кокос.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани