31
окт
2013
Колач со урми
Во сад за матење ставете го путерот и шеќерот.
Убаво изматете па додајте ги јајцата. Продолжете со матење и постепено додајте го медот.
Откако ќе се измати исклучете го миксерот и постепено додавајте го брашното измешано со пецивото.
Мешајте со дрвена лажица.
На крај додајте ги сецканите ореви, чоколадо и урми.
Додајте го млекото и бадемите и убаво измешајте ја смесата.
Во округол калап со обрач ставете хартија за печење и во него претурете ја смесата.
Печете на 180 степени 40-45 минути.
Испечениот колач оставете го да се подолади, а потоа прелејте го со растопеното чоколадо.
Оставете во фрижидер да се стегне глазурата и послужете.
Лиценца: Сите права се задржани
Туку го испробав и оној со ананас пред некој ден, за мерак ... печев во силиконскиот калап и може и без зејтин што многу ме израдува :)
За жал слика немам пошто не остана што да се слика :)))