
23
ное
2015
Топло ладен колач / Лава колач
Маргаринот и чоколадото се топат на пареа и се додава шеќерот и ванилата. Кога ќе се растопат, се додава брашното и кратко се промешува на топло. На крај се додава пецивото и се лади смесата.
Во оладената смеса се ставаат 10те јајца, едно по едно и се меша постојано со жица за матење.
Во намрсен калап за мафини, се редат хартиени корпи и се полнат 3/4. Се печат на 250 степени, 5-6 мин- додека да се распукне како лава.
Се послужува топло, во комбинација со сладолед топка или овошје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Вкусни колачи.