Во овие студени денови затоплете се со добро познатото колаче чоколадна лава, направено во домашни услови.Се што треба да направите е да одвоите 15 минути, бидејќи овој рецепт е поедноставен од што мислевте.
Во еден сад ставете ги чоколадото и путерот да се растопат на тивок оган и мешувајте непрекинато за смесата побрзо да се соедини. Откако ќе се рас­топи, садот се трга од шпо­ре­тот и се остава сме­сата да се излади. Во друг сад со миксер изматете ги јајцата со шеќерот. Потребно е јај­цата малку да се изма­тат, одно­сно да бидат пене­сти, шеќерот додека да се растопи. Смесата со чоколадото додајте ја во садот со јајцата.Сите состојки потоа се мешаат со жица за матење, откако ќе се соединат се додава брашното постепено со постојано мешање. На кра­јот, треба да се добие густа и хомо­гена чоко­ладна смеса. Кала­пите се мач­каат со путер и се посипуваат со брашно пред да се истури смесата во нив. Смесата распоредете ја подеднакво во сите 8 калапи. Ставте ги да се печат на претходно загреана рерна од 250С од 7-10 мин.
Послужете го на чинија уште додека е топал и до него ставте една топка сладолед, по што го добил и само име топло ладен колач.
Добар апетит....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани