Топло Ладен Колач
Состојки
- 5 јајца
- 250 гр чоколадо за готвење
- 5 лажици шеќер
- 65 гр путер (маргарин)
- 100 гр брашно
- Дополнително
- топка сладолед вкус по желба
Подготовка
Во овие студени денови затоплете се со добро познатото колаче чоколадна лава, направено во домашни услови.Се што треба да направите е да одвоите 15 минути, бидејќи овој рецепт е поедноставен од што мислевте.
Во еден сад ставете ги чоколадото и путерот да се растопат на тивок оган и мешувајте непрекинато за смесата побрзо да се соедини. Откако ќе се растопи, садот се трга од шпоретот и се остава смесата да се излади. Во друг сад со миксер изматете ги јајцата со шеќерот. Потребно е јајцата малку да се изматат, односно да бидат пенести, шеќерот додека да се растопи. Смесата со чоколадото додајте ја во садот со јајцата.Сите состојки потоа се мешаат со жица за матење, откако ќе се соединат се додава брашното постепено со постојано мешање. На крајот, треба да се добие густа и хомогена чоколадна смеса. Калапите се мачкаат со путер и се посипуваат со брашно пред да се истури смесата во нив. Смесата распоредете ја подеднакво во сите 8 калапи. Ставте ги да се печат на претходно загреана рерна од 250С од 7-10 мин.
Послужете го на чинија уште додека е топал и до него ставте една топка сладолед, по што го добил и само име топло ладен колач.
Добар апетит....