Колач од ориз
1. Подготовка на оризот
Во погоден сад, ставете го млекото, малку сол и маслото и оставете да проврие. Во зовриеното млеко додадете го пребраниот и измиен ориз и варете околу 5 минути, потоа додате 1/2 од шеќерот ( 60 гр или 6 лажици супени) и варете го уште 10 минути и тргнете го на страна да се лади. Во текот на варењето, повремено промешувајте за да не залепи оризот на дното од садот ( ако користете обичен сад) а варењето да се врши на средна температура.
2. Подготовка на јајцата
Додека се лади оризот, одвојте го жолчките од белките. Белките да се измиксат со 1/2 од останатиот шекер (3 лажици супени) во тврд снег. Жолчките добро да се измиксат со остатокот шеќер (3 супени лажици). Измиксаните жолчки и белки, да се спојат и лесно рачно да се измешат.
3. Спојување на подготвеното
Во поодладениот ориз, додадете ја смесата од белките и жолчките, додадете го брашното, ванила шеќерот и сокот од лимон и се заедно рачно лесно измешајте ги, толку да нема грутчиња од оризот и брашното.
4. Печење
Подготвената смеса, ставете ја во подмачкано и побрашнето плехче (округло или правоаголно,бр.28, може и помало или поголемо ). Ставте да се пече во загреана релна на 180-200 степени и печете го оклу 25-30 минути, додека да добие златно-кафеава боја (при печењето внимавајте да не се препече и да се формира тврда кора). Извадете го од релната, да се поодлади, исечете го по желба и одозгора рамномерно залијте го со овошниот сируп, а со кој сируп , по ваша желба, јас во овој случај користев сируп од боровница и одлично испадна-вкусно. Добар Ви апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
парче како кај секој колач во а во однос на класичниот сутлијаш. Кај мене дома толку го бендисаа, што попладнево ме натераа пак да им направам, па и ставив дупла доза и ево веке не остана ништо, и што е битно ставив внатре и едно мало лажиче цимет како вели Клара и така е добар ја дава таа арома. Со поздрав до тебе.