Колач Бојата на пурпурот
Лесен колач, со прекрасни бои, со домашно маскарпоне сирење, не многу благ, освежителен, а бе не ви го раскажувам повеќе, да си го пробате , еве и рецепт =)
1. Белките ги матиме со прстофат сол. Жолчките пенасто ги матиме со шеќерите. Во смесата на жолчки ги додаваме млекото, кафето, какаото, брашното и пецивото и внимателно ги додаваме белките. Целата смеса нежно ја промешуваме, да ни остане воздушеста и ја истураме во тавче со хартија за печење бр. 26. Печеме на 170 степени, 15 минути. Го оставаме да се лади.
2. За вториот дел од кремот (за неговата подготовка подолу во текстот)потребно е боровинките да ги ставаме на оган, со сок од ½ лимон и да ги провриеме само колку да пуштат боја, па ги оставаме да се ладат.
3. Маскарпоне сирењето го матиме со шеќерот во прав. Додаваме сок од половина лимон.
4. Желатинот го топиме со 30 мл вода на пареа или на тивок оган на рингла, да ни стане како сируп.
4. Слатката павлака ја матиме во цврст снег.
5. Желатинот и слатката павлака ги додаваме во маскарпонето со постојано мешање да се изедначи цела смеса. Смесата за кремот ја делиме на два дела.
6. Едниот дел веднаш ставете го врз бисквитот околу кој сте ставиле обрач за да не ви истекуваат кремовите.
7. Ставете ги само боровинките, кое се веќе изладени, во вториот дел од кремот, значи без сокот кој го пуштиле. Распоредете го врз првиот крем.
8. Нарендајте бело чоколадо и оставете ја да преноќи во фрижидерот да се стегне.
Забелешка
Шеќерот во прав може да го поделите на два дела и едниот да го ставите во маскарпонето, а другиот во слатката павлака.
Кај мене обрачот беше поголем од тавчето во кое ја печев тортава, па така да кремовите беа истурени врз бисквитот. Не дека не го ставив обрачот, ама немаше големо фајде од него.
И начисто ве удавив со ова домашново маскарпоне, ама ќе продолжам така додека не пробате некој чизкејк да направите со него *=)
Можете да ставите и капучино со вашиот омилен вкус, исто ќе има убав вкус колачов.
Боровниците ми беа смрзнати.
Во боровниците кога ќе ги провривате можете и малку шеќер да ставите, јас не ставив сакав красито-киселкаст вкус да ми има колачот, а вие како сакате.
Лиценца: Сите права се задржани
CESTITKI od se srce .... navistina zasluzena nagarada