Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете ги мокрите, па сувите состојки.
Калапите за мафини полнете ги до половина со смесата. Потоа во секоја на средината ставете по 1 лажица цврст мармалад и на крај дополнете ги модлите.
Печените мафини прелијте ги со по 3 лажици од жешкиот шербет и обилно наросете ги со кокос.
Оставете да се впие шербетот и навалете ; )
Од оваа доза излегуваат 12 мафини.

Ако прашате за температура на печење, кај мене одеше вака:
Ден 1ви мај. Сите некаде на излет, а мене колата ми се укопа пред 2 дена на паркираното место и никако не сака да мрдни, па си седам сама дома. Си реков ај да спечнам нешто, па да замезат излетарите... и одлуката падна и на овие мафини.
Ден пред тоа, навечер. Одржав монолог со акцент на сопствената ми мизерија (во врска со мојата кола) пропратена со закани, список на сочни пцовки и слични одбрани зборчиња помешани со доза на самосожалување : )
Се враќаме конечно на делот за печењето. Мафините стросани, чекаат да се стават во загреаната рерна. Ми ѕвони телефонот и слушам-Слези долу дрво едно да ја пробаш колата. Ако бидиш фина можи и за твоја да биди.
Ситуација-кола vs мафини. Е, во ваков момент, ги ставате мафините во предходно салам загреаната рерна, тапкате пола минута нестрпливо во место, гасите рерната и со брзина на светлината јурите надвор. Возите една паланка низ град, се враќате и woalaaa! Мафините во рерната ве чекаат перфектно печени ;)
Заклучок: Ако секој 1ви мај ми е вака возбудлив, од сега па натаму никогаш веќе на тој ден не одам на излет. Посекако јас и не сум некоја трудољубива личност, па ќе излетувам во било кој ден од годината : )
Во нормален случај, пробајте на 180-190 степени околу 15на мин. ; )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани