Кокосови мафини (печење - едно кругче со кола)
Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете ги мокрите, па сувите состојки.
Калапите за мафини полнете ги до половина со смесата. Потоа во секоја на средината ставете по 1 лажица цврст мармалад и на крај дополнете ги модлите.
Печените мафини прелијте ги со по 3 лажици од жешкиот шербет и обилно наросете ги со кокос.
Оставете да се впие шербетот и навалете ; )
Од оваа доза излегуваат 12 мафини.
Ако прашате за температура на печење, кај мене одеше вака:
Ден 1ви мај. Сите некаде на излет, а мене колата ми се укопа пред 2 дена на паркираното место и никако не сака да мрдни, па си седам сама дома. Си реков ај да спечнам нешто, па да замезат излетарите... и одлуката падна и на овие мафини.
Ден пред тоа, навечер. Одржав монолог со акцент на сопствената ми мизерија (во врска со мојата кола) пропратена со закани, список на сочни пцовки и слични одбрани зборчиња помешани со доза на самосожалување : )
Се враќаме конечно на делот за печењето. Мафините стросани, чекаат да се стават во загреаната рерна. Ми ѕвони телефонот и слушам-Слези долу дрво едно да ја пробаш колата. Ако бидиш фина можи и за твоја да биди.
Ситуација-кола vs мафини. Е, во ваков момент, ги ставате мафините во предходно салам загреаната рерна, тапкате пола минута нестрпливо во место, гасите рерната и со брзина на светлината јурите надвор. Возите една паланка низ град, се враќате и woalaaa! Мафините во рерната ве чекаат перфектно печени ;)
Заклучок: Ако секој 1ви мај ми е вака возбудлив, од сега па натаму никогаш веќе на тој ден не одам на излет. Посекако јас и не сум некоја трудољубива личност, па ќе излетувам во било кој ден од годината : )
Во нормален случај, пробајте на 180-190 степени околу 15на мин. ; )
Лиценца: Сите права се задржани
Приказната интересна и смешна....
Dobro, mi se prostuva, stotuku od rabota se vrativ :))))
Dogodina ti posakuvam pogolemo vozbuduvanje a ti razmisli sto ke stavis vo rerna:):):)
А мора кругчето со кола да биде?Јас по точаците сум :)
Љубице, и со точак можи ;) секако, дека ти ќе брзаш, а мафинките ќе се печат во исклучена рерна ;) дури и кај комшивката на кафе муабет одговара-ем домаќински, ем кафе напиена :))))