Кисели јајца / јајца од тегла
Излупете ги варените јајца и наредете ги во една тегла. Зеленчуците ситно исецкајте ги.
Во мало тенџерче ставете ги додатоците, киселината, маслото, шеќерот и солта да зовријат. Магдоносот додадете го откако ќе го тргните тенџерчето од оган.
Измешајте убаво и истурете ја маринадата во теглата со јајца.
Затворете и откако ќе излади ставете го во фрижидер да преноќи. Следниот ден послужете како мезе, прилог со месо и сл.
Додатоци се варијабилни и спрема вкусот. Можи да се додаваат и ситно сецкани пиперки туршија или корнишони, лук кој сака и т.н. Од додатоците ќе зависи и аромата на јајцата. Штета што немав при рака цвекло. Тоа сигурно освен добра арома, ќе му дадеше и убава црвена боја.
Вака приготвените јајца можат да стојат во фрижидер околу 1 недела.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Еве ја првата проба следниот ден : )
Иначе, да си кажам продолжителни впечатоци. Колку повеќе стојат, толку повкусни се. Киселината се осеќа повеќе на површината на белката. Ми се чини дека по неколку дена кога ги пробав беа понекисели отколку следниот ден. Сепак, за тој што сака помалку кисело, можеби е добро да се разреди и проба со замена на 1то филџанче со вода