Кинеско пилешко со зеленчук по вкус на моето семејство
Не е тешко дома да се подготви добра Кинеска храна, односно она што не - Азијатите го викаат Кинеска. Ви треба добар вок, сите состојки подготвени за употреба однапред и многу малку време после тоа, за дваесетина минути се е готово.
Помешајте ги во еден средно голем сад сите состојки за маринадата, додајте го месото исечено на траки, промешајте, покријте и оставете го во фрижидер најмалку еден час.
Целиот зеленчук исецкајте го на стапчиња, брокулата раздвојте ја на мали цветчина. Се треба да биде отприлика со иста големина.
Состојките за сосот за пржење помешајте ги во еден среден сад и оставете ги на страна.
Во поголемо количество посолена вода сварете ги тестенините, ама не до крај, 3 - 4 мин да вријат е доволно. Исцедете ги и оставете ги на страна.
Вокот загрејте го и ставете 2 лажици сусамово масло во него. Додајте го месото заедно со маринадата и пржете на најсилен оган мешајки цело време додека месото не се испржи. 5 - 10 мин. се доволно. Извадете го месото со сокот кој го пуштило во еден сад и оставете на топло.
Избришете го вокот, загрејте повторно 2 лажици масло и ставете го одеднаш цел зеленчук да се пржи. Мешајте постојано на најсилен оган, зеленчукот треба да си ја задржи бојата и да биде крцкав, не претерано термички обработен.
Вратете го месото заедно со сокот во вок тавата, кратко пропржете мешајки да се загрее добро. Измешајте го сосот за пржење и додајте го во вокот. Нека не ве загрижува тоа што има чудна боја и што ви изгледа дека е многу течност. Сеуште на најсилен оган мешајте, набрзо сосот ќе почне да се згустува и содржината на тавата ќе стане леплива и стаклеста.
Додајте ги тестенините, добро измешајте, дотерајте го вкусот. Соја сосот е доста солен, ама ако не ви е солено, досолете сега.
Послужете многу жешко, а морам да признаам дека и дотоплено во МБ не е воопшто лошо.
Ако немате пилешки бујон, додајте во наведената количина вода една пилешка коцка за супа. Свежиот ѓубир може да се замени со 1/2 лажичка прав. Ако немате сусамово масло ставете обично растително, а кинеската тестенина со јајца може да се замени со најтенки шпагети ( број 11 ). Зеленчукот не мора да е свеж. Зависно од сезоната, јас мешам свеж и замрзнат зеленчук. Ако користите замрзнат, не треба претходно да е отпуштен.
Името на ова јадење од Кинеската кујна е Lo Mein ( Ај Ло Ај Миен).
Лиценца: Сите права се задржани
Mesoto e seceno kolku morkovot, a tie kako spageti se testeninite :)) Trebase mesto kolaz celi sliki da stavam, vaka nisto ne se gleda :(
E, i sega imam edna paradoksalna situacija so sajtot, dodeka porano dobivav izvestuvanja za secii komentari, osven za tvoite, sega obratno!!! Mnogu kapriciozno odnesuvanje :)))
Лили, навистина прекрасно изгледа.
Ne e ova kako spageti, leplivo e, sama hranata za stapcinata se lepi :))))))