Кинеско пилешко
1. Пилешкото се сече на коцкички, кромидот на ливчиња, а пиперките на кругови. Се сецка и лукчето и ананасот на коцкички.
2. Во вок Делимано тава се става малку зејтин(може маслинов) и кога ќе се загрее се пропржува месото (доволно е 5 мин.). Се вади настрана. Во тавата се става насецканиот зеленчук и се пропржува 2-3 мин. Се наросува брашното, добро се промешува, се додава соја сосот и се остава кратко да прокрчка (околу пола минутка).
3. Се додава ананасот со сокот, месото, се промешува, се додаваат зачините по вкус, се меша и се остава да се провари и сосот да се згусне.
4. Се сервира со варен ориз.
Ова е едно од нашите омилени јадења од кинеската кујна. Едноставно и брзо се спрема, има извонреден вкус и што уште треба, за да ве убедам да го пробате?
Да не заборавам. Од конзервата ананас го користам целиот сок, а само пола од плодот. Оваа доза е доволна за четири члено семејство.
Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Тава за пржење
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
МоиРецепти, ве молам проверете во што е проблемот со инбокс на ФБ не можам да ви испратам порака :)
Најверојатно станува збор за моментален проблем со Фејсбук. Обиди се повторно наскоро.