Кекси со крем сирење
Брашното помешајте го пецивото, во него додајте го маргаринот исечкан на листови, јајцето, крем сирењето, шеќерот, бадемите. Се убаво замесете со рака да добиете средно меко тесто што не се лепи за раце и не е тврдо.
Ставете го во фрижидер 30 мин..Извадете го, расучете кора и вадете форми со калапчиња. Ставајте ги на плех обложен со хартија. Ставете ги да се печат на 200 степени 10 мин., не треба да ја сменат бојата(треба да останат бели).
Извадете ги и топли спојувајте ги со мармалад или еурокрем, може да ги оставите и не залепени 2*2. Валкајте ги во прав шеќер или кога ќе се оладат прелијте ги со стопено чоколадо на пареа.
Од оваа доза излегуваат 50-60 залепени колачиња, зависи од формата и големината на калапчето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
имам крем сирење, домаќе, по рецепт на љиља. фантазија е кремот
http://moirecepti.mk/post/%D0%BA%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%BD%D1%83%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B0-%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BB/
и бетке, уанс аген, јас прво јадам со очи, па после на сите други начини, со уста и раце :) :) :) :)
фоткиве ти се ле бон бон :)