Кекси со крем сирење
Состојки
- 500 гр. меко брашно+1 пециво
- 200 гр. маргарин (на собна температура)
- 100 гр. шеќер (не мора во прав,само да биде ситно мелен)+ванилин шеќер
- 100 мл. крем сирење(може да се замени со кисела павлака)
- 1 јајца
- 50 гр. ситно сецкани бадеми(лешници,ореви)
- 50 гр. шеќер во прав(за валкање)
- 50 гр. чоколадо(по желба)
- по потреба мармалад,еурокрем(за лепење)
Подготовка
Брашното помешајте го пецивото, во него додајте го маргаринот исечкан на листови, јајцето, крем сирењето, шеќерот, бадемите. Се убаво замесете со рака да добиете средно меко тесто што не се лепи за раце и не е тврдо.
Ставете го во фрижидер 30 мин..Извадете го, расучете кора и вадете форми со калапчиња. Ставајте ги на плех обложен со хартија. Ставете ги да се печат на 200 степени 10 мин., не треба да ја сменат бојата(треба да останат бели).
Извадете ги и топли спојувајте ги со мармалад или еурокрем, може да ги оставите и не залепени 2*2. Валкајте ги во прав шеќер или кога ќе се оладат прелијте ги со стопено чоколадо на пареа.
Од оваа доза излегуваат 50-60 залепени колачиња, зависи од формата и големината на калапчето.