Ванила кекси
Загрејте ја рерната на 180 C.
На калап за печење со големина 30 x 20 цм ставете хартија, и тоа така, барем од две спротивни страни да е издигната над работ на калапот.
Растопете го путерот и оставете го малку да подолади.
Во еден средно голем сад просејте го шеќерот во прав со прашокот за ванила крем. Додајте го и измешајте го кристал шеќерот. Истурете го растопениот путер и матете со миксерот со средна брзина да стане густо и кремасто. Додајте го брашното и солта и добро измешајте.
Распоредете ја смесата во подготвениот калап, израмнете ја површината. Со остар нож исечете на стапчина. Избоцкајте ги украсно кексите.
Печете во загреаната рерна 25 - 30 мин. или додека рабовите не станат златно жолти.
Уште топло повторно исечете со остар нож по претходните линии. Оставете да се олади во калапот за печење.
Извадете ги кексите од калапот (само подигнете ги краевите на хартијата). Чувајте во затворена лимена кутија на собна температура.
Послужете со кафе, млеко или чај.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Mene mi se najubavi so utrinskoto kafe.
Zaboraviv da napiam za dupcinata.... So zadnata strana na stapce za raznici :))) Druga pogodna alatka ne si najdov doma :)))))
или ти тоа си играш со мојот памет? :) :) :) :)
лудница колачи. лудница. кога го направив тестото го пробав, некако ми беше обично, како бисквитките што му ги правам на младунче, ама кога се испекоа.....е тогаш почна магијата. шеќерко ги пазеше додека се печеа и ми вика:
- женчо, ова ванилици, м?
еее, ама кога ги проба, друга песна пееше :) :) :) :)
неверојатна разлика прави пудингот од ванила :)
ќе пробам и со други пудинзи, ме копка :) :) :) :)
значи вака, јас ги правев со свинска маст (200гр, а може и помалку) и без шеќер во прав туку цела доза кристал шеќер и интегрално брашно, само такво користиме (ептен наше од наша нива и на воденица мелено) :)
доказ приложувам
A vidi, duri i vo "zdrava" verzija licat mnogu ubavi :))))
Sega ke si uzivam malku vo komplimentite za receptot :))))
Nisto ne si zgresila, zesko zivkasto izgleda, ama ne e.:))))
Mnogu kef mi napravi, od koga se tokmese, dojde denot :)))
Fala ti, mnogu
овој пат забегав со чепкалката. сите различно ги избоцкав, ама овие ми беа омилени дека за Дамјана и Огнен беа (у ла ла) :) :) :) :)
е де, големо чудо ако закасниш. таа што правела беља, ќе биде труда и 15 мин подоцна :) :) :) :)
тетка биберче, трк во кујна. три за позор, четири, СЕГА! :) :) :) :)