Загрејте ја рерната на 180 C.
На калап за печење со големина 30 x 20 цм ставете хартија, и тоа така, барем од две спротивни страни да е издигната над работ на калапот.
Растопете го путерот и оставете го малку да подолади.
Во еден средно голем сад просејте го шеќерот во прав со прашокот за ванила крем. Додајте го и измешајте го кристал шеќерот. Истурете го растопениот путер и матете со миксерот со средна брзина да стане густо и кремасто. Додајте го брашното и солта и добро измешајте.
Распоредете ја смесата во подготвениот калап, израмнете ја површината. Со остар нож исечете на стапчина. Избоцкајте ги украсно кексите.
Печете во загреаната рерна 25 - 30 мин. или додека рабовите не станат златно жолти.
Уште топло повторно исечете со остар нож по претходните линии. Оставете да се олади во калапот за печење.
Извадете ги кексите од калапот (само подигнете ги краевите на хартијата). Чувајте во затворена лимена кутија на собна температура.
Послужете со кафе, млеко или чај.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови