16
сеп
2014
Карамелизирани смокви со маскарпоне
Прекрасна комбинација на вкусови има овој десерт, а како си имаме смокви во овој период, па убаво си се сладиме со нив, па еве да споделам и јас еден едноставен рецепт.
1. Тавчето го загреваме на силен оган.
2. Смоквите ги сечеме на половина и со пресечената страна ги втиснуваме во шеќерот.
3. Ги ставаме на оган со шеќерната страна 10-15 секунди, колку шеќерот да се стопи и карамелизира.
4. Сервираме со маскарпоне и мед.
Јас имав домашно маскарпоне сирење и со слатката павлака го изматив многу кратко. Овој пат немав кафеав шеќер иако секогаш имаме дома, ама еве викендов „се потрошил“. Ако имате купено маскарпоне не морате да го мешате со слатка павлака.
Лиценца: Сите права се задржани